Македонија

А1ОН: Охрид нема пари за уривање дивоградби

Охрид нема пари за уривање дивоградби. Од Општината за „А1он“ велат дека сите пари предвидени за уривање се потрошени, иако градежните работници не урнаа ниту еден објект. Охрид требаше да урива на неколку локаци, но сопствениците бараа сами да си ги отстранат дивоградбите, по што работниците се повлекуваа. Градоначалникот Константин Георгиевски за уривањето предвиде 25 илјади евра, а на забелешките дека сумата е ниска за уривање на над 1000 дивоградби – тој најави дека поддршка ќе добие и од Владата.

„Од постојниот буџет се останати многу малку средства наменети за отстранување дивоградби. Со ребалансот на буџетот се предвидени нови 2 милиони денари, по што ќе се распише нов тендер, за избор на нова фирма“, велат од Општина Охрид за „А1он“.

Текстот во целот на: А1ОН

На почеток