Утрово започнала полициска акција во три фирми на Јордан Камчев. Владејачката СДСМ неодамна обвини дека две од тие фирми со 400.000 евра ја финансирале кампањата на ВМРО-ДПМНЕ на последните претседателски избори.
Според првични информации, според Канал 5, инспектори има во фирмата Монт, која е дел од Орка Холдингот на Камчев, како и во фирмата Полиестердеј која била ангажирана од партијата да ги печати маиците за кампањата. Се проверува уште една фирма, Горфактори од Шпанија, за која се уште нема информации во каква конкеција е со првите две.
Извори од МВР ја потврдуваат информацијата, а повеќе детали најавуваат за текот на денот. Канал 5 ги проверува информациите и во обвинителството.
Инаку, аферата се појави откако ревизорите ги објавија извештаите за претседателските избори. СДСМ, по ова ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека незаконски ја затвориле наменската сметка.