Магазин

Компанија нуди 130.000 долари за оној кој на робот „би му дал” лице

Британската компанија „Geomiq“ ја објави веста за можна соработка со компанија за производство на роботи како дел од проект со кој се бараат мажи и жени кои своето лице ќе го “поклонат’ на роботите, за што би добиле 130.000 долари.

Според извори во Геомик, на овој проект се работи веќе пет години, а добиле и голема финансиска поддршка од инвеститори. За изборот на ликот победник, ќе има посебен тим, кои меѓу другото, ќе ги контактираат кандидатите и ќе им објаснат за каков точно проект се работи.

Дизајнерите од двете компании ги собираат пријавите на нивната и-мејл адреса: [email protected] .

Другата компанија сè уште не сака да го открие својот назив, но најави повеќе детали наскоро.

фото: Digital Trends

 

На почеток