Македонија

Џафери: Животниот пат на Св. Климент треба да биде пример за личната посветеност кон повисоки цели

Претседателот на Собранието Талат Џафери по повод за 8 Декември, чествувањето на Свети Климент Охридски упати честитка до граѓаните. Во честитката се вели:

Ми претставува особена чест и задоволство од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да го честитам државниот празник 8-ми Декември, воедно и христијански празник посветен на чествувањето на Свети Климент Охридски.

Животниот пат на Свети Климент треба да биде пример за личната посветеност кон повисоки цели. Развојот на цивилизацијата и на човекот е одраз на умствениот и едукативниот процес. Во истиот тој развој, Свети Климент го вложил целиот свој живот и труд, преку учеството во Моравската мисија, основањето на  Охридската книжевна школа и Охридската архиепископија, кирилското писмо и книжевна дејност. Но пред се, Свети Климент преку својот живот и дело не учи дека најмоќното нешто што го поседува човекот е зборот.

Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да Ви го честитам големиот празник и да Ви посакам да поминете убав празничен ден, се вели во честитката од Џафери.

На почеток