Македонија

Филипче за Нова ТВ: Бев во домот на Јовановски, од средбата не излезе ништо

Министерот за здравство Венко Филипче ги потврдува наводите на бизнисменот Орце Камчев изнесени на денешното рочиште за случајот „Рекет“ дека во домот на првообвинетиот Бојан Јовановски на 15 март се одржала средба на која присуствувал и тој, Објави НоваТВ.мк.

„Средбата која се споменува во денешното судење за случајот „Рекет“ се одржа на барање на Бојан Јовановски на која јас и Орце Камчев бевме повикани да разговараме за некакво јавно приватно партнерство за болница која тој имал намера да ја прави“, вели министерот Филипче во изјва за НоваТВ. Од состанокот, тврди Филипче, не излегло ништо и друга средба потоа не се ни остварила.

Во вкрстеното испрашување Јовановски го праша сведокот Камчев за средба во неговиот со акцент на тоа „Кој министер присутвуваше?“. Иако прашањето го оцени како нерелевантно Камчев рече дека освен жената која чистела кај Јовановски и Зоран Милески Кичеец присуствувал и Филипче.

Текстот во целост на: НоваТВ.мк

На почеток