Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го отфрли барањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за добивање апанажа.
На седницата беше констатирано од формално правен аспект дека не постојат причини за прифаќање на барањето бидејќи таа не е избрана од Собранието.
Пратениците, исто така, дебатираа и за, како што посочија „дрскоста Јанева да побара ваков надоместок од Собранието“.
фото: Архива