Македонија

Почна исплатата на поврат на ДДВ кон граѓаните

Почна повратот на ДДВ за граѓаните. Речиси 10% од лицата кои скенираа  фискални, денеска добија 15% од платениот ДДВ. Управата за јавни приходи  информира дека од 170.000 граѓани, кај 16,600 е извршена исплата. Останатите ќе добијат пари до крајот на наредната недела. Вкупно, за јули, август и септември ќе бидат исплатени  3 милиони евра или максимум  едно лице може да добие  1,800 денари за 3 месеци.

Околу 21 милион денари од мерката МојДДВ веќе се префрлени на сметките на 16.600 граѓани на првиот ден од повратот, инфрмира министерката за финансии Нина Ангеловска по прес-конференција за проектот за поставување фотоволтаици на јавни објекти.

Таа апелираше сите граѓани да ги проверат транскациските сметки кои ги внеле за поврат на ДДВ.

Ангеловска најави дека од 15 декември ќе почне наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.

На почеток