Коментари

Државата на секој можен начин пробува да ми го извади и последниот денар од џебот

„Како изгледа бесплатното основно образование во Македонија:
– Прибор за хигиена (сапун, тоалетна, бришачи) во училиштето – на товар на родителите
– Работни тетратки – на товар на родителите
– Школски прибор, ташна, блокови за цртање, прибор за техничко и тетратки – на товар на родителите
– Обезбедување на училиштето – на товар на родителите
– Униформи – на товар на родителите
– Училишни детски списанија – на товар на родителите
– Ужинка – на товар на родителите
– Еднодневни училишни едукативни екскурзии – на товар на родителите
– Организирани училишни посети на музеи, театри, кина – на товар на родителите
– Организирани повеќедневни училишни екскурзии – на товар на родителите
– Задолжително осигурување на учениците – на товар на родителите
– Котизација за учество на државни и регионални натпревари – на товар на родителите.
Ако имате две деца помножете ги сите овие трошоци со два. Единствено, барем засега, не се наплаќа престојот во училиштето. Зборувајте ми за бесплатно основно образование. Само за споредба во Холандија сите овие горе наведени работи се бесплатни, односно на товар на државата. Во Скандинавските земји е слично, ако не и исто. Во Германија 80% од горе наведените ставки се на товар на државата. Бидејќи тие се сиромашни, а ние доволно богати да го плаќаме сето ова од свој џеб. Патем зборувајте ми и за патриотизам и научете ме како тоа треба да си ја сакам државата која што на секој можен начин пробува да ми го извади и последниот денар од џебот. Јебала вас држава, јебала. Тажна, Северна и раскантана. Ама ич не ми е битно ни како ќе се вика, ни дали ќе постои

Фејсбук статус на Александар Левески

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток