Скопје

Утре без вода дел од Ново Лисиче, Аеродром, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Реконструкција на водоводна линија на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметри во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должина од 450 метри, која беше најавена од директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски успешно заврши.

„Со поставувањето на оваа нова линија ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром и ќе се намали бројот на дефекти кои во минатото се појавуваа доста често на овој потег. Вкупната инвестиција изнесува шест милиони денари, кои ги инвестира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Поради преповрзување од старата на нова мрежа која постепено ќе се става во функција, на ден 12.11.2018 (понеделник) без вода за пиење од 9 часот до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – стамбените објекти над  5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол. Ова го правиме во интерес на граѓаните на посочените населени места се со цел во иднинда да не се соочуваме со досегашните проблеми“, велат од ЈП Водовод и Канализација

Исто така оттаму информираат дека кај дел од корисниците во Кисела Вода може да има намален притисок додека траат активностите.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток