Според податоците објавени на веб страницата air visual, според квалитетот на воздухот Скопје се наоѓа на шестото место помеѓу десетте најзагадени градови во светот.
Повеќе од две недели во Скопје воздухот е константно загаден, а во последните неколку денови загаденоста е над 150 ПМ честички.
Граѓаните се жалат дека мириса на изгорена пластика.
Според последните податоци највисока концентрација на канцерогени ПМ10 честички покажува мерната станица на Бит Пазар каде се измерени 174.
Мерната станица во Ѓорче повеќе не работи откако пред една недела истата покажа енормна загаденост.
Исто така, инструментот за мерење на ПМ10 честички во Гази Баба е исклучен од 14 август оваа година, а во Лисиче од 5 октомври.