Магазин

(ВИДЕО) Балашевиќ: Имам две вести една добра една лоша – добрата е не умрев …

Во видеопораката снимена од семејниот двор од Нови Сад, духовит Балашевиќ прв пат се обрати до своите обозаватели. Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ рече :  Имаме две вести добра и лоша, добрата е „Дека не умрев“, се пошегува тој, а потоа ја дообјасни целосната ситуација.

„Лоша вест е дека ова не е скок во височина, па да имаш три обиди. Жалам што морав да го откажам концертот во Крагујевац. Бев четири дена во болница, не беше операција на отворено срце, само малку ме дотераа“, изјавил тој, па додал:

„Беа фер. Нешто ставија. Обично кај лекар нешто ти вадат, камен од бубрег… Добив четири стентови. Рекоа дека ќе можам да трчам. Не верувам, не ме прашувајте дали сум добро, не можам да бидам добро, имам 100 години. Се надевам дека ќе можам да продолжам таму каде застанав“, изјавил тој.

https://www.facebook.com/100004302135485/videos/2108237219329662/

На почеток