Магазин

Вокалистката на „Роксет“ Мари Фредриксон, ја изгуби битката, почина по долго боледување

По долго боледување на 61 година, почина вокалистката на поп групата „Роксет“ Мари Фредриксон.

Со голема тага во срцето ви соопштуваме дека една од нашите најдобри пејачки почина на 9 декември од болеста со која долго време се бореше, се наведува во соопштението за јавноста.

Мари боледуваше од тумор на мозокот уште од 2002 година, неколкупати се оперираше и одеше на лечење. Дури и за време на рехабилитацијата таа продолжи да снима како соло-артист, издавајќи два албума и еден успешен сингл.

Таа во доцните 80-ти неколкупати беше прогласена за најдобар женски шведски изведувач, доби и награди за најдобар шведски албум, а со Роксет успеваа да достигнат платинасти тиражи на нивните албуми.

фото: BBC

 

На почеток