Слајдер

Згасна „Меѓународниот Охридски Атлетски Маратон“

Претседателот на Здружението кое го организираше Охридксиот Атлетски маратон, Пецо Неданов, објави дека традицијата на Меѓународниот Охридски Атлетски Маратон нема да продолжи во наредната 2020-та година.  

– Со години наназад се боревме и покрај сите неразбирања на наталожените проблеми да ја продолжиме традицијата долга повеќе од 30 години. Во 2020-та требаше да биде 34-ти по ред, но очигледно нашата желба да и покрај минусните салда кој ги правеше маратонот упорно ја продолжуваме традицијата, некои ја сваќаа погрешно во смисол да Ние имаме интерес и затоа ја продолжуваме традицијата. Со последното годинешно издание бев принуден лично да ги финансирам поголемиот дел од трошковите, а најголемиот дел од нив ми се вратија скоро 90 дена по завршување на маратонот, а одредени трошкови останаа неисплатени поради намалената сума од предвидената. Се извинувам но не сум во состојба тоа да го правам повторно. Испративме дописи до одговорните институции и поставивме конкретни прашања со колку средства планираат да не помогнат за наредното 34-то издание, но никој ништо не одговори. Треба ли по два или три пати да го правиме истото и да добиваме празни обеќања е па се уморивме од тоа. Затоа дефинитивно ова е крај на оваа традиција, а да даде Господ некој ентузијасти како нас пак после 10 годишна (или дај Боже пократка) пауза ја продолжат традицијата. Ова е маратонот на нашата младост, на првите членови на АК Охрид, и секако дека има многу големо значение за нас, но без поддршка на институциите за жал мора да згасне. Сметавме дека по примерот на Европските и Светските метрополи и градот Охрид ќе биде горд на еден ваков традиционален настан и ќе настојува да ја продолжи оваа долга традиција, но ниту тие ниту државата застана со свој дефинитевен став зад оваа традиција која сите овие години од 2004-та навака е заснована само на ентузијазам и љубов на одредени членови кон атлетиката и маратонското трчање. Длабоко им се извинувам на сите маратонци кој се заљубени во оваа трка и кој едвај го чекаат наредното издание како од земјава така и од соседните земји, се надевам дека некој ќе се свести и нема да дозволи да згасне оваа традиција, а дотогаш ви посакувам лесни нозе и уште многу успешни маратонски трки, наведува Неданов во пораката.

фото: Екипа

 

На почеток