Скопје

Загадено во Карпош и Тетово: Проверете што дишиме и каков е квлитетот на воздухот

Градот Скопје и натаму е на првите места од листите на загадени градови во светот. Утрово, најзагадено е во Карпош, а потоа следуваат Центар, Ѓорче Петров и Миладиновци. Втор град по загадување е Тетово. Во воздухот се осеќа неподнослива миризба.

На аерозагадувањето најмногу влијаат сообраќајот, домаќинствата кои се греат на дрва и јаглен и индустријата. Само во Скопје има 130.000 возила, додека голем број од индустриските капацитети од тешката индустрија се наоѓаат во самиот град или во негова близина.

Градот Скопје, соопшти дека презема долгорочни мерки како што се постапката на преземање на топлификационата мрежа, субвенционирање на печки што помалку загадуваат, зголемување на зелените површини, мапирање и чистење на дивите депонии, како и подобрување на велосипедската инфраструктура.

Аерозагадувањето во Македонија влезе и во фокусот на европските институции. Нацрт-извештајот за Македонија кој беше усвоен од Комитетот за надворшени работи на Европскиот парламент во последната точка напоменува дека

Проверете што дишиме – тука

На почеток