Македонија

Крсте Шајноски избран за претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето

Собранието со 55 гласа „ЗА“ го избра Крсте Шајноски за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија и осигурување. На оваа позиција Шајноски доаѓа од позицијата вонреден професор од Институтот за бизнис и економија. Шајноски е доктор и магистер по економски науки и дипломиран економист во областа Финансии и банкарство, а поседува и лиценци за брокер и инвестиционен советник.

Тој е вонреден професор на постдипломските студии на Институтот за бизнис и економија и консултант на Илирика фунд менаџмент АД Скопје.

Претходно бил консултант на осигурителните друштва Кроација, но и доцент на Економскиот факултет во Штип. Тој бил ангажиран и во Македонскиот институт за медиуми и во Високата школа за медиуми како предавач и професор. Работел и како инвестициски советник и како новинар во ТВ Телма.

Шајноски ќе го замени Климе Попоски на челната позиција во Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување во следните пет години.

Покрај Шајноски, беше избран и Злате Симоновски како член на советот на експерти на оваа регулаторно тело.

На почеток