Бродот „Лихнида“ изваден од каналот. Бродот на 04 овој месец потона во каналот Студенчишта, а горивото се излеа во каналот кој директно е поврзан со Охридското езеро.
Уште истиот ден екипи од капетанија на пристаништата на Македонија направија увид и се направи план за вадење на бродот од каналот.
Но, ова не е единствено старо пловило кое зафаќа место во каналот, а не е во возна состоба. Од капетанија најавија дека сите бродови кои се во ваква состојба во најкраток временски период ќе се отстранат од каналот.
фото: ФБ Горан Устијаноски