Македонија

Камчев за Фокус: Гласот од снимките е мој, средбата е оддржана во Бугарија

Бизнисменот Орце Камчев, кој се јавува како главен сведок во случајот „Рекет“, потврдува дека негов е гласот што се слуша на аудио-снимките кои се појавија во јавноста. Како што вели тој во изјава за Фокус, станува збор за делови од поголем и подолг разговор, кој бил направен на средба во Бугарија кон крајот на август.

-Се работи за делови од поголем, подолг разговор од кој лесно се забележува дека, за жал, тенденциозно се сечени делови кои истиот целосно го вадат од контекст, а тоа придонесува да се создаде погрешна перцепција и погрешни заклучоци за кажаното. Тоа е разговор кој се одвиваше оваа година кон крајот на август на вечера во Бугарија, а за време на тој разговор бевме присутни четворица од кои јас и уште двајца можеме да потврдиме дека тоа не е целосниот разговор воден тогаш и дека сечените делови оставија многу простор за погрешно толкување на она кое се зборува., вели камчев за Фокус.

Изјавата на Орце Камчев за фокус во целост на овој линк. 

На почеток