Случајот рекет во медиумите полека се претвори во естрада и реално шоу!
Мелина Милески, мајка на пет деца и сопругата на Зоран Милески Кичевски ( кој е првостепено осуден во случајот „Рекет“ ) во изјава за телевизијата „Сител“ вечерва апелираше до јавноста да се престане со пласирање најразлични како што рече лаги и измами кои го ставаат нејзиното семејство во епицентарот на вниманието на јавноста.
Таа во изјавата апелира медиумите да ги поштедат пред се родителите на нејзиниот сопруг и нејзините родители, како и петте малолетни деца од медиумскиот публицитет во кој повторно е нејзиниот сопруг Зоран Милески, но овој пат не со детали за судскиот предмет туку со пласирани тонски снимки од разговори во кафеана во кои се слушаат гласови кои ги озборуваат Милески и Јованоски.
Озборувањата и покрај тоа што се на тиривијани и за државата и судскиот предмет неважни теми, предизвикаа огромен одек во јавноста
ВИДЕО ОД ИЗЈАВАТА НА МЕЛИНА МИЛЕСКИ: