Македонија

Ременски во обвинителство се разгледуваат доказите против неа

Пратеничката Фросина Ременски во моментов е во обвинителство. Со Русковска се разгледуваат доказите протв неа за случајот „Рекет“. Ременски е осомничена дека помага во делата „измама“ и „перење пари“  преку Меѓународниот сојуз. Делата ги извршувал Бојан Јовановски, или Боки 13, но Ременски со нејзиното присуство во сојузот оставила впечаток дека проектите за изградба на домови за возрасни лица кој тој ги нуди на бизнисмени за еден милион евра се поддржани од извршната власт.

Имено неодамна Обвинителството за организиран криминал при претресот во куќата на осомничената пратеничка на СДСМ за истрагата за случајот „Рекет“  беа пронајдени доверливи документи.  Таа беше почесен претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз“ на прво осомничениот Бојан Јовановски.

Во домот на Ременски беа пронајдени доверливи документи од случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и преписки на поранешните први луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР.

фото: Архива

 

 

На почеток