Македонија

Пендаровски во интервју Шпигел: „Се плашиме да не останеме вечен кандидат за ЕУ“

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за магазинот Шпигел зборува за разочарувањето од француското вето, прогнозира дека земјата може да ги заврши преговорите за 5 до 7 години или ентузијазмот за Европа ќе спласне, објави Дојче Веле.

Никој во Северна Македонија не верува во образложението на францускиот претседател Емануел Макрон дека проблемот не е кај нас, туку кај ЕУ на која и е потребно повеќе време за да се реформира, вели шефот на државата Стево Пендаровски во интервју за германскиот магазин Шпигел.
„Нашиот страв е дека може да станеме втора Турција, земја која е вечен кандидат за членство“, вели Пендаровски. Одлуката на ЕУ повторно да го одложи почетокот на преговорите со Северна Македонија, според него, е „стратешка грешка“.
„Многу водечки политичари во ЕУ членките посакуваат Унија која е релевантен геополитички актер. Но тоа не е можно без интеграција на Западниот Балкан. Ние не сме соседен регион на ЕУ. Без нашите земји како членки, ЕУ не може да биде геополитички актер“, вели Пендаровски.
Запрашан да го коментира проектот „мини Шенген“, Пендаровски вели дека во него е важен „карактерот на помирување и соработка“, но притоа предупредува:
„Најважно притоа е, оваа иницијатива навистина да потекнува од нас и никој од Западот да не врши притисок“.

Пендаровски смета дека би било „фатално“ доколку неговата земја треба да чека 10 до 15 години на членство во ЕУ.

Текстот во целот на: Дојче Веле

На почеток