На 12.12.2019 во 22.05 часот на Граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Т.(19) од Р.Албанија, бидејќи се наоѓал на „стоп листа“, со мерка за задржување, а при преглед во автобусот каде што седел била пронајдена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Струга за поматамошна постапка.
фото: Архива