Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица затруени од чад во пожарот што се случи денеска во стан во зграда на улицата „Димо Гавровски Кара“ во Тетово. Тешко повредениот е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Пациентот според информации од болницата е во тешка општа состојба со изгореници од 4-ти степен. Во интерно одделение се примени шест жени и четворица мажи со инхалаторно труење од чадот, во лесна состојба. Тие после симптоматска терапија биле пуштени на домашно лекување.
Според сведочењата на станарите пред пожарот се слушнала силна екплозија за која сметаат дека е од плинска боца.
Од тетовската пожарникарска единица информираат дека интервенирале со 10 пожарникари и три возила.