Градоначалникот, Константин Георгиески заедно со општинската администрација претпладнево се вклучи во акцијата за чистење на отпад и разубавување на животната средина. Градоначалникот чистеше на локација во населбата Св. Стефан во крајбрежниот дел. Денеска на различни локации во Охрид чистеа и вработените во охридските јавни претпријатија.
По акцијата Георгиески на социјалната мрежа ФБ напиша:
„Заедно со општинската администрација претпладнево се вклучивме во акцијата за чистење на отпад и разубавување на животната средина.
Се чистеше на локација во населбата Св. Стефан во крајбрежниот дел.
Акцијата за чистење се спроведува во сите општини на територијата на државава со цел подигање на јавната свест за заштита на животната средина“.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.500663753872566/500663493872592/?type=3&theater