Свет

Во Албанија по катастрофалниот земјотрес се апсат градители, инжењери ….

Четири лица се обвинети за намерно убиство на 24 жртви во земјотресот во Драч. Тројца од нив се градители. Во Драч, три лица се уапсени по обвинение дека се виновни за смрт предизвикана од уривање на објекти по земјотресот на 26 ноември.

Уапсени се и двајца градители, 79-годишниот Ружди Џека за објектот хотел „Мира Маре“, каде загинаа две лица, и Авдула Османи (61) за изградба на хотелот „Тропикал“, каде загинаа двајца државјани на Косово.

Во листата објавена од полицијата на која има девет лица се наоѓа и 53 годишниот Кујтим Хаса, вработен во Министерството за внатрешни работи.

Во обвинителството на Дрaч досега се испрашани повеќе од 90 лица, меѓу кои повеќе инженери, сопственици на објекти и градители. Досега според истрагите, треба да бидат уапсени 19 лица.

фото: Архива

На почеток