Свет

Курти: „Границата меѓу Косово и Албанија не е албанска граница, тоа е српска и југословенска граница“

Обединувањето со Албанија, еден ден во иднината, го гледа како успех на Косово, вели во интервјуто за Дојче веле Аљбин Курти, мандатарот за составување косовска влада.

Курти истакна дека сака да ги гради и продлабочи односите со Германија каде, според него, Косово има дијаспора од околу половина милион луѓе.

„Со Германија разговараме за две главни теми: првата за внатрешните реформи на Косово, како земјата да се ослободи од кризата, како да се намалат невработеноста и сиромаштијата, како да се сузбијат криминалот и корупцијата.

„Што се однесува до односите со Србија, се договоривме дека мора да се сретнеме со наследникот на госпоѓата (Федерика) Могерини, Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, за да ја разгледаме подготовката за идниот дијалог заснован врз јасни и прецизни принципи. Не смееме повторно да утнеме. „Границата кон Србија не може да се споредува со границата кон Албанија. Границата меѓу Косово и Албанија не е албанска граница, тоа е српска и југословенска граница. Приближувањето, интеграцијата и обединувањето со Албанија – еден ден, во иднина – јас не го гледам како резултат на неуспехот на државата Косово, туку како нејзин успех. Но, оваа земја најпрво мораме да ја направиме успешна“,вели Курти за Дојче Веле.

На почеток