Свет

Помпео: Саудиска Арабија да побара одговорност од вмешаните во убиството на Кашоги

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во телефонски разговор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман изјави дека Ријад треба да побара одговорност за сите инволвирани во убиството на новинарот Џамал Кашоги, соопшти Стејт департментот.

– Стејт департментот нагласи дека САД ќе побараат одговорност од сите вмешани во убиството на Кашоги, а Саудиска Арабија треба да го направи истото, се наведува во соопштението од Вашингтон.

Помпео, исто така, повторно повика за прекин на воените дејствија во Јемен и наоѓање мирно решение меѓу страните во конфликтот.

На почеток