Свет

Блокиран центарот на Лондон поради сомнителен автомобил

Британската полиција го блокираше главниот пат во Воксхал, во центарот на Лондон, поради сомнителен автомобил.

Како што пренесе Ројтерс, центарот е блокиран бидејќи полицијата го истражува сомнителното напушетно возило.

Се наведува дека портпаролот објавил дека полициските службеници го испитуваат потенцијално сомнителниот автомобил на левиот брег на реката Темза.

Агенцијата вели дека во Велика Британија на сила е второто највисоко ниво на заштита од безбедносни закани по неколкуте напади извршени во таа земја минатата година.

На почеток