Не се менуваат цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што беа утврдени пред една недела.
Цената на „евросупер БС-95“ изнесува 67 денари, на „евросупер БС-98“ изнесува 69 денари за литар, а цената на дизелот 61,5 денар за литар.
Цената на екстра-лесното масло за домаќинство останува на 50,5 денари за литар.
Мазутот од ноќеска на полноќ ќе поскапи 0,929 денари, на 35,407 денари за килограм.
фото: Архива