Скопје

Се прават 4 нови улици во Стар Аеродром

Општината ќе изведува 4 нови улици во населбата Стар Аеродром. Станува збор за краци на улицата „Пандил Шишков“, кои ќе добијат комплетно нова водоводна мрежа, атмосферска канализација, асфалтирање и улично осветлување.
“Подобрувањето на инфраструктурата во овој дел на Општината е едно од основните барања и потреби на жителите. На овој начин ќе се олесни пристапот на граѓаните до своите домови и подземните паркинзи, ќе се зголеми бројот на паркинг-места и ќе се намали сообраќајниот метеж”, велат од општината.
За оваа намена Општината има предвидено над 9 милиони денари од сопствениот буџет.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток