Државната изборна комисија во Хрватска ги објави резултатите од 99 проценти преброени гласови. Според обработените гласови води поранешниот премиер, кандидат на левиот центар со поддршка Социјалдемократска партија Зоран Милановиќ со 29,64 проценти освоени гласови, а актуелната претседателка од десниот центар Колинда Грабар Китаровиќ 26,92 проценти, веднаш зад неа е независниот кандидат пеачот Мирослав Шкоро со 24,29 одсто.
Хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ Андреј Пленковиќ изјави дека резултатот од првиот круг на претседателските избори не е изненадувачки и порача дека очекува актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во вториот круг да победи.
-Во овој момент мислам дека тое не е изненадувачки, се искристализираа практично тројца кандидати, дел од избирачкото тело на десницата, на десниот центар, се подели меѓу Грабар – Китаровиќ и Мирослав Шкоро и дека затоа резултатот е таков каков што е. Затоа многу поголем простор имаше кандидатот на левите политички опции Зоран Милановиќ, рече Пленковиќ по објавата на неофицијалните резултати.
Тој соопшти и дека во вториот круг очекува „ разумен избор што е добар за Хрватска“, а тоа е, како што кажа, изборот на Грабар-Китаровиќ.
Хрватскиот премиер не очекува дека избирачите кои гласаа за Шкоро ќе се определат за левата опција, додека за ХДЗ-овците кои во првиот круг го поддржаа Шкоро смета дека во вториот круг ќе гласаат за Грабар-Китаровиќ.
фото: WDR