Скопје

МВР затекна пијани возачи но, подели казни и за пешаци

Во текот на 23.12.2019 на подрачјето на СВР Скопје превземени се мерки и активности, при што од сообраќај се исклучени двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол. Исто така, санкционирани се: еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло и двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци. Во однос на пешаците, санкционирани се 11 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден 75 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

фото: Архива

 

На почеток