На 23.12.2019 во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ патничко возило „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.У.(35) од с.Рашче, скопско, удрило во велосипед управуван од С.С.(61) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.С., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
фото: Архива
