Свет

(ВИДЕО) Малата Моника пронајдена жива, киднаперот во бегство

Девојчето Моника Каримановиќ (12), која исчезна пред 10 дена и за чие киднапирање е осомничен Нинослав Јовановиќ, пронајдена е жива, додека „Малчанскиот берберин“ е во бегство и се обидува да отиде во Бугарија.Девојчето е пронајдено во близина на Шврљаг.

Брзата помош го згрижила девојчето кое е во стабилна здравствена состојба но видно исцрпено. Таа е комуникативна и свесна. Според неофицијалните извори мајката на Нинослав е од местото во кое е пронајдена Моника.

Во големата потера беа вклучени  за пронаоѓање на Моника беа вклучени преку 800 припадници на полицијата и на војската на Србија.  Се верува дека тој ја киднапирал Моника некаде во околината на Књажевац, додека таа одела на училиште.

Според истрагата, Јовановиќ и Моника неколкупати биле забележани од очевидци, а исто така биле пронајдени и нивни траги во провалените куќи во кои тој и неговата жртва престојувале.

фото: Espreso

 

На почеток