Владејачката СДСМ го одби предлогот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ полковникот во АРМ да биде технички министер за внатрешни работи. Од СДСМ велат дека предлогот е неуставен и дека лидерот на МВРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да даде нов предлог. Од Владејачката партија се повикуваат на членот 97 од Уставот дека на чело на МВР мора да застане цивилно лице, односно лице кое најмлаку 3 години не е во унифоирма.
Од СДСМ додаваат дека остануваат отворени за наоѓање прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот.
фото: Архива