Свет

Почина Слободан Мичиќ, автор на емисијата „Светот на дланка“

Најпознатиот „српски патник“ Слободан Миќиќ, кој на регионалната јавност и беше познат по патеписните емисии „Светот на дланка“, почина денеска по долго боледување на 76-годишна возраст.

Тој во своите емисии на гледачите им ги приближуваше земјите и културите од целиот свет. Миќиќ емисијата ја работеше заедно со сопругата Марија Миќиќ.

Тој беше економист по занимање, но очигледно повеќе му лежеше туризмот. Тој  успеа преку своите емисии да ги однесе луѓето во најдалечните делови на планетата – од Уганда до Галапагос, од Фиџи до Исланд, каде беше почесен конзул, ги отвори вратите на многу дестинации, а на публиката им ги приближи необичната храна и обичаите.

Со туризам почнал да се занимава во агенцијата „Путник“, каде поминал 25 години. Зборувал англиски и германски јазик.

На почеток