Поп ѕвездата Џастин Бибер и неговата вереница, манекенката Хејли Болдвин, сепак нема да застанат пред олтарот и да се заколнат еден на друг на вечна љубов без да потпишат предбрачен договор.
Иако тоа не било во план првично, затоа што Бибер верува во љубовта на Хејли, во консултација со својот ПР тим и пријателите, се согласил да потпише договор.
Хејли и Џастин веќе ја извадиле потребната документација за склопување на брак, ги ангажирале своите адвокати и спремни се за преговори. Во договорите ќе пишува дека во случај на разделба секој го задржува својот дел од имотот.
Се проценува дека богатството на Бибер е околу 256 милиони долари, додека Хејли е „тешка“ околу 6 милиони долари.