Познатата глумица Џејн Фонда (80) која сеуште изгледа одлично и активно вежба, проговори за пластичните операции кои го променија нејзиниот физички изглед.
Фонда во моментов го промовира својот нов документарен филм „Џејн Фонда во пет чинови“, а за својот изглед проговорила на една од промоциите во Њујорк.
„Од една страна, мразам што морав да го променам својот физички изглед за да се чувствувам добро, но нема да лажам. Бев уморна од тоа да изгледам уморно дури и кога не сум“, признала глумицата, на која и се допаѓа тоа што изгледа добро, но не крие дека за тоа е заслужна естетската хирургија.
Иако има 80 години, познатата глумица и понатаму активно вежба и вели дека и помага да изгледа помладо.