Свет

Моника ноќта ја помина во болница со својата мајка – со киднаперот сеуште се трага

Потрагата по Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчанскиот берберин, кој ја киднапираше 12-годишната Моника Каримановиќ, која беше пронајдена жива вчера, продолжува бидејќи се уште не е пронајден.  Потрагата продолжи и во подрачјето на селото Пасјача, каде вчера е пронајдена Моника и каде последен пат е виден киднаперот Јовановиќ.  РТС објави дека вчера и во текот на ноќта имаше вистинска опсада – полициски патроли и голем број полицајци биле на теренот на секои 50 метри.

Моника беше пронајдена вчера благодарение на Емил Живиќ од Ниш, кој вчера во својата викендица во селото Пасјача го пронашол киднапираното девојче Моника Каримовиќ.Тој раскажал дека сосема случајно со синот одлучиле да поминат до викендицата која ја поседувале во ова село, а во која не живеел никој.

Моника е пренесено во Клиничкиот центар во Ниш, Таа ноќта ја помина со својата мајка. Нејзината психофизичка состојба ја следат докторите, а психолозите треба да кажат кога Моника ќе може да ја напушти болницата. Тие се категорични дека на малолетното девојче и треба помош за да ја надмине оваа огромна траума.

Директорот на Клиничкиот центар во Ниш, докторот Зоран Радовановиќ, утринава изјави дека состојбата на малата Моника Каримановиќ е стабилна.

„По анализите што беа извршени во текот на ноќта, по консултации со психолог, можеме да кажеме дека состојбата на Моника е стабилна“, рекол доктор Радовановиќ за телевизијата „Прва“.

фото: Архива

На почеток