Македонија

Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

За граѓаните од православна вероисповед, 6 јануари 2020 година (понеделник) ќе биде неработен ден, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Одлуката е донесена според Законот за празниците на РМ, поради тоа што православните верници на овој ден го прославуваат Бадник, денот пред Божик.

Воедно, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.

фото: Архива

На почеток