Македонија

Јанушев: Ова е удар врз демократијата, Груевски не бил во штабот повеќе од 6 месеци

„Ова вечерва е удар врз демократијата. Ова е дно. ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада, а членовите се возннемируваат од полициски службеници. Ова е хајка и линч кон сите кои мислат поинаку. Заев ги злоупотребува медиумите. Овој притисок е удар врз опозицијата и ние ќе ги превземеме сите правни средства. Ако мислите дека ќе не заплашите се лажете“, изјави Јанушев.

Исто така тој изјави дека сите оние кои го извршуваа и организираа ова по наредба на Заев ќе одговараат.

„Јас лично немам контактирано повеќе од 8 месеци со Груевски и немам сознанија каде е. Сакаме да веруваме дека полицијата нема да се дрзне во штабот на партијата, но доколку поседуваат налог во наше присуство ќе ги прошетаме за да се уверат“, рече генералниот секретар.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток