Снаодливи гости сакале Новата да ја дочекаат во Охрид, да се сместат на прва линија до Езеро, а да не платат ништо. Утрово на малото пристаниште на кејот спроти хотелот Палас, поставен е шатор во кој ноќта ја поминаа неколку лица. Не знаеме од каде се, ни зошто се одлучиле на минусни температури да спијат на отворено, но едно е сигурно истите сакале да заштедат, а да уживаат во Убавините на градот. За изборот на локацијата им честитаме, но ги потсетуваме, на ова место е забрането поставување на шатори, а за снаодливоста им „симнуваме капа“.
Инаку Охрид е познат по тоа дека за празници и во екот на туристичката сезона се бара кревет повеќе. Овој пат факт е дека градот е преполн, но место за сместување секако дека може да се најде.