На плоштадот„Магнолија“ во Битола, синоќа голем број битолчани ја дочекаа Новата 2020 година. Со музичка програма, која започна во 21 часот, пред битолската публика синоќа настапија ДЈ Рикардо, КонТру ДЈ и Фанк‘ Д АпБенд, за крај, како кулминација на вечерта, настапи ЗаринаПрвасевда со својот бенд, изведувајќи македонски народни песни.
Неизбежниот Дедо Мраз им ја честита Новата година на битолчани, со желби за добро здраве, успех и просперитет на сите, а точно на полноќ градот беше осветлен од голем огномет.
Меѓу граѓаните, Новата година ја дочека и градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска заедно со сопругот и пријателите, заменик – министерката за образование Елизабета Наумовска, директорката на Здравствениот дом Весна Спиркоска и други личности од општественото и културното живеење.
По прославата, градоначалничката ја посети дежурната екипа на Итната медицинска помош во Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ во Битола.
фото: Општина Битола