Обвинителката Елизабета Јосифовска е повикана утре да сведочи во судската постапка за “Рекет”. Името на Јосифовска беше споменувано по избивањето на аферата „Рекет“ и кога за прв пат беа објавени видео – снимките од страна на Ла веритас, а во врска со олеснувањата кои ги добил Орце Камчев – осомничен во „Империја“.
Елизабета Јосифовска е некогашна прва заменичка на Катица Јанева во СЈО.
фото: Архива