Македонија

Кривична за двајца измамници – си присвоиле 14 грла говеда од 65-годишен жител на светиниколско село

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.А.(28) и М.А.(17) од село Патишка река, општина Сопиште и Ф.Ќ.(34) од село Страхојадица, општина Зелениково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Н.А. и М.А. со лажно прикажување и прикривање на факти го довеле во заблуда В.Ј.(65) од село Ранченци, општина Свети Николе, при што противправно му одзеле 14 грла говеда, од кои 10 ги присвоил и пренел Ф.Ќ., ветувајќи му дека парите ќе му ги дадат на денот на купопродажбата од кои дел во готово, а останатите на трансакциска сметка ќе бидат уплатени на неговиот син преку нивна фирма. Со извршеното кривично дело пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 615.000 денари.

фото: Зелена Берза

 

На почеток