Македонија

Се чека оставката на Заев, техничката Влада мора да се формира до полноќ

Денеска треба да се формира техничката Влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори кои пак треба да се одржат на 12 ти април. Доколку се тече како што треба, до пратениците денеска треба да стигне оставката на премиерот Зоран Заев, со што и официјално мандатот за формирање на техничката влада ќе го добие министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Техничката Влада мора да се формира до утре на полноќ. Ако тоа не се случи , тогаш се поместува и датумот за одржување на изборите, затоа што од денот на формирањето на техничката Влада до денот на изборите треба да поминат 100 дена.

фото: Архива

На почеток