Македонија

Македонија подготвена за избори – оставката на Заев се чека во Собранието

Премиерот Зоран Заев ја потпишал оставката. Истата денеска Собранието треба само ќе ја констатира, по што ќе се оди на избор на техничката влада.

Техничката влада се прави според таканаречниот „Пржински модел“ кој прв пат е применет за изборите во 2016 година. Според овој модел техничката влада мора да се формира 100 дена пред избори. Доколку сакаме да се испочитува датумот 12 април на кој се договорија лидерите на сите политички партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски техничката Влада со која ќе раковори оливер Спасовски, мора да се избере до полноќ.

Претходно владејачката партија СДСМ го прифати предлогот на опозициската ВМРО ДПМНЕ поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи. Во новиот кабинет опозицијата ќе има  има две министерски места и тројца заменици министри.

фото: Архива

На почеток