Актуелно

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Времето  денеска ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност, особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.  Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени. 12 степени треба да се искачи температурата во Гевгелија и во Дојран. Во Охрид до 10, Штип до 9, Скопје, Битола и Тетово до 8.

Утре ќе се задржи сончево со услови за утринска магла по одделни котлини и со максимална температура од 14 степени. Попладне облачноста ќе се зголемува.

фото: Архива

На почеток