Актуелно

(ВИДЕО) Вучиќ: Не одам во Црна Гора на Бадник

Српскиот претседател Александар Вучиќ реши да не оди во приватна посета на Црна Гора на Бадник. Вучиќ на вонредна прес-конференција по средбата со патријархот на СПЦ Иринеј рече дека оваа одлука ја поддржал патријархот Иринеј.

Вучиќ потсети дека официјално во Црна Гора живеат 29 отсто Срби и нецели 45 отсто Црногорци, осврнувајќи се на „намерата на делата на режимот во Подгорица“.

„Намерата на делата на режимот во Подгорица е во 2021 процентот на Србите да биде помал, со намалување на српскиот корпус да се прогласи држава во која Србите немаат своја конститутивност која ја имаат сите други во опкружувањето. Мислев дека е нормално, вообичаено нешто, а потоа сфатив, според реакциите на некои кабинети во Црна Гора дека мојата приватна постеа, без политички говори, без ништо, само да посетам своја црква… дека тоа не му е по волја на црногорскиот режим“, кажа Вучиќ.“, истакна српскиот претседател.

Фото: Alo.rs

 

На почеток