Македонија

Грк починал на паркинг од казино во Гевгелија

На 04.01.2019 во 18.45 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.П.(42) од с.Стојаково, вработен како обезбедување во казино, пријавил дека на паркингот на казиното, во патничко возило „шкода фабија“, со грчки национални ознаки, на возачкото седиште починал К.Г.(73) од Р.Грција. Според пријавеното, тој во 18.30 часот бил затекнат во возилото во лоша здравствена состојба од страна на обезбедувањето. Од лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција.

фото: Архива

На почеток