Македонија

Мизрахи:Нема економска година како што ветија, но има лицемерни тендери два дена пред техничка влада и партиски вработувања

Сиромаштијата во Македонија секојдневно вртоглаво расте. Сликата која ја гледаме низ македонските улици е реалноста која ја живеат граѓаните на оваа држава. Деца питачи, злоупотреба на детската заштита, руинирани градинки, злоупотреба на социјалната помош, хаос во домашната нега, мобинг во јавната администрација.  Тоа е фактичката состојба за животот во Македонија, истакна Рашела Мизрахи, Министер за труд и социјална политика.

Нема економска година и прав пат како што ветија, но има лицемерни тендери два дена пред техничка влада и партиски вработувања.

На ова МОРА да се стави крај!

Министерствата се на граѓаните, а не на партиските центри.

Од овој момент натаму, празните зборови се минато. Јас не можам да направам промена на светот за три месеци, но ќе се потрудам она што е мој домен да не наликува на изминатите три години.

Ние можеме и имаме ресурси за функционираме подобро.

Имам сознанија дека се заглавени дури 8500 предмети за нега на трето лице, меѓу народот познато како „туѓа нега“. Ве молам туѓа нега е навистина непристоен назив.

На овој проблем, посебно ќе се ангажирам периодот. Нашите информации велат дека постојат сомневања за злоупотреби и неосновано одземање на истата од граѓаните на кои им е најмногу потребна.

На таквите поплаки и реакции мора да се одговори. Ќе биде темелно прочешлано на кој начин и како се дадени согласностите за нега на трето лице, но и на кој начин се одземани и не се доделувани овие права. 8500 заглавени предмети укажува на тоа дека системот не функционира, дека има луѓе на кои им е потребна помош во овој момент, а не ја добиваат.

Во јавноста се прави и манопулација со опфатот на деца во предучилишно образованое. Беше кажано дека до 50 проценти ќе се  зголеми опфатот на деца од предучилишно образование. А пред некој ден, беше изнесено дека дури и 100 % зголемување на таа иста бројка. Не само што не стигна до 100 проценти, туку реалните бројки се далеку помали.

Ова е само незначителен  дел од неработењето на ова министерство за проблеми. Заради тоа, на моја иницијатива ќе се формира Комисија која ќе направи ревизија на сработените работи и ќе ги утврди сите неправилности кои се направени изминатиот период.

Од Министерство на проблеми, мора да станеме Министерство за решенија. И конечно би ве замолила идеолошките разлики мора да престанат да бидат причина за омраза и оцрнување. Да се престане со обиди за подбуцнување на граѓаните преку имагинарни проблеми, имаме реални проблеми за решавање.

Тимот на ова министерство се и секогаш ќе бидат граѓаните на Република Македонија, истакна Рашела Мизрахи, Министер за труд и социјална политика.

 

На почеток